11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар: Победа против ФТЦ за успешен старт на сезоната

ЖРК Вардар: Победа против ФТЦ за успешен старт на сезоната

vardarzeni44

Ракометарките на Вардар в петок ќе ја отворат новата сезона во Лигата на шампионките, во која во изминатите три сезони го освојуваа третото место. Прв противник на Вардар ќе биде ФТЦ (Ференцварош).

Унгарски противник за почеток на натпреварите во Лигата на шампионките имаат ракометарките на Вардар, но повеќе од противникот Индира Кастратовиќ и нејзините избранички ги загрижува фактот, но нема да бараат оправдување, што во претсезоната немаа доволно квалитени противници за одигрување контролни натпревари.

„Многу е тешко кога тренирате, а знаете дека за месец или два започнуваат силните натпреварувања. Секоја година тој прв натпревар е најтежок за нас, од причина што немаме силна лига, немаме силни контролни натпревари за да можеме да видиме во каква форма сме. Во петок треба да излеземе максимално концентрирани и уште на загревањето противникот да види во нашите очи дека во Скопје нема што да бара. Добро работевме во подготвителниот период и се надевам дека уште првите натпревари ќе покажат каков ќе биде Вардар оваа сезона. Ференцварош е во форма, секоја среда и недела играат силни натпревари, нема да ни биде лесно, но најважно е да го испочитуваме она што тренерот ќе го бара од нас и секако треба да ги сведеме техничките грешки на минимум“, рече на прес-конференцијата Јованка Радичевиќ.

„Не смееме да ‘изгориме’ на тој прв натпревар, се сеќавам и минатата година почнавме со унгарска екипа, со Ѓер, одигравме лош натпревар и загубивме. Се надевам дека в петок нема да биде така“, дополни тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ, која на овој меч нема да може да смета на услугите на две Андреи – Лекиќ и Кликовац.

„Лекиќ го оперираше менискусот, предвидено е да паузира четири до шест недели. Од операцијата веќе поминаа две недели, но нашиот лекарски тим не сака да брза, постепено ќе ја вклучува во тимот. Мислам дека во третото или четвртото коло ќе се врати во тимот. Кликовац има инфенција на окото“, рече.

Натпреварот со ФТЦ (петок, 20:30 часот) ќе биде официјално деби во „црвено-црниот“ дрес за засилувањата Песоа, Илина, Масвар, Херем и Лакрабер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП