4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на Аргентина, реми за Уругвај, Бразил лидер во квалификациите

Пораз на Аргентина, реми за Уругвај, Бразил лидер во квалификациите

paragvaj33535

Бразил се искачи на првото место во квалификациската група, во јужноамериканската зона за пласман на Светското првенство. Бразил го искористи киксот на Аргентина и ремито на Уругвај и за прв пат од стартот на квалификациите се наоѓа на првата позиција.

Репрезентацијата на Бразил, без Нејмар, забележа победа во Венецуела 2-0. Габриел Жесус во осмата и Вилијан во 53-та минута без стрелци за Бразил.

Аргентина без Меси не знае да победи, во Кордоба Парагвај приреди вистинско изненадување со минималната победа 0-1. Дерлис Гонсалес во 18-та минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Најголемата шанса за Аргентина ја имаше Серхио Агуеро, кој на почетокот од вториот дел промаши пенал.

Дербито помеѓу Колумбија и Уругвај заврши без победник 2-2. Агилар донесe предност за Колумбија, потоа Кике Родригез и Луис Суарез постигнаа два гола за пресврт на Уругвај, а конечниот резултат го постави Мина на шест минути до крајот на натпреварот.

Чиле ја прекина серијата од три порази во квалификациите, но шампионот на Јужна Америка и покрај триумфот не најавува излез од кризата. Артуро Видал ги постигна двата гола за Чиле во триумфот над Перу 2-1.

Без победник 2-2 заврши натпреварот Боливија-Еквадор. Боливијците водеа 2-0 со головите на Пабло Ескобар, а во вториот дел со два гола израмни Енер Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП