12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладинците изборија пласман на ЕП

Младинците изборија пласман на ЕП

mal

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во вторникот ги запишаа своите имиња во историјата на македонскиот фудбал, изборувајќи пласман на Европското првенство за играчи до 21 година, кое наредната година ќе се одржи во Полска.

Младата македонска репрезентација ја совлада Шкотска со 2-0, а благодарение на победата на Украина на Исланд со 4-2, првпат во историјата една македонска фудбалска селекција ќе игра во завршницата на едно Европско првенство.

Свесни за важноста на натпреварот, избраниците на селекторот Милевски, од стартот ја презедоа контролата врз играта, а одличниот шкотски голман првпат капитулираше во 17-та минута кога Марковски постигна гол.

Пет минути подоцна со одличен удар од 18 метри, водството на Македонија го зголеми Барди. Фуриозната игра во првиот дел можеше да биде наградена со уште некој гол, а најголемата можност ја пропушти Бабунски, кој во финишот на полувремето не реализираше пенал.

Македонија натпреварите во Групата 3 ги заврши со шест победи, три нерешени и еден пораз, освои вкупно 21 бод со гол разлика 13:7.

Покрај Македонија и домаќинот Полска, а ЕП на кое првпат ќе учествуваат 12 селекции, пласман обезбедија уште Чешка, Данска, Англија, Германија, Италија, Словачка, Шведска и Португалија, додека низ баражот во кој влегоа Србија, Австрија, Норвешка и Шпанија, ќе бидат познати последните две репрезентации кои ќе играат на континенталниот шампионат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП