23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба го реши дербито во Амстердам

Погба го реши дербито во Амстердам

pogba-fre

Убедливите победи на Белгија и Португалија, триумфот на Франција во дербито против Холандија и тешко извојуваната победа на БиХ против Кипар ги одбележаа квалификациските натпревари од третото коло, во групите А, Б и Х.

Дербито на Амстердам арена им припадна на Французите, кои со голот на Пол Погба минимално ја совладаа Холандија. Франција се наоѓа на првото место во оваа група со ист број на бодови како и Шведска, која со 3-0 ја победи Бугарија.

Белорусија одигра 1-1 со Луксембург, иако цело второ полувреме играше со играч повеќе.

Португалија ги декласира Фарските острови со 6-0, а мечот мина во знакот на Адриен Силва кој постигна хет трик во првите 25 минути од натпреварот.

Швајцарија славеше над Андора со 2-1 и со девет бодови е лидер во оваа  Б група пред Португалија и Унгарија. Унгарците како гости победија 2-0 во Летонија.

Во Х групата 6-0 славеше Белгија против Гибралтар, БиХ со головите на Џеко во последните 20 минути го победи Кипар, а Грција ја запиша и третата победа, откако триумфираше во Естонија со 2-0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП