4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветски рекорд, Бентеке погоди за 7 секунди (видео)

Светски рекорд, Бентеке погоди за 7 секунди (видео)

bentek4444

Белгискиот репрезентативец Кристијан Бентеке, во понеделникот, го постигна најбрзиот гол во историјата на квалифинациите за пласман на светските првенства. Бентеке против Гибралтар погоди по само седум секунди игра.

Гибралтар потив Белгија го изведе почетниот удар, но Бентеке веднаш ја освои топката, влезе во противничкиот шеснаесетник и постигна гол.

Белгија славеше во Гибралтар до 6-0, а Бентеке постигна хет трик, со што дојде до бројката од девет голови во 27 натпревари за Белгија. Покрај Бентеке голманот на Гибралтар го совладаа и Витсел, Мертенс и Азар.

Белгија по три средби во Х групата има максимален учинок и се наоѓа на челната позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП