22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Хечер не дозволи триумф на Карпош Соколи

АБА: Хечер не дозволи триумф на Карпош Соколи

%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82

Кошаркарите на Карпош Соколи му пружија достоен отпор на фаворизираниот Партизан, но и покрај тоа го забележаа четвртиот пораз во АБА лигата. Дебитантот во регионалната лига во понеделникот загуби со 77:84 (20:22, 21:20, 20:20, 16:20).

Македонската кошарка по четири кола во АБА лигата сé уште нема победа во оваа конкуренција, а нејзините репрезенти Карпош Соколи и МЗТ се наоѓаат на последните две позиции на табелата и се единствените кои по четири кола немаат триумф.

Дебитантот Карпош Соколи против фаворизираниот Партизан го одигра својот најдобар меч во досегашниот тек од АБА лигата, но во последните две минути немаше решение за Вил Хечер, кој со две тројки и една аситенција во последните две минути го реши победникот.

Инаку, Партизан најчесто имаше предност од седум до осум поени, а „Соколите“ со повремени шутерски серии лесно се враќаа од негативата. Сепак, скопскиот тим не успеа да го искористи лошото издание на „црно-белите“, кои по четири кола заедно со Црвена ѕвезда и Будуќност имаат максимален ефект.

Заковиќ и Лабовиќ со по 15 поени беа најефикасни кај домаќинот, а Партизан го предводеше Хечер со 21 поен.

Карпош Соколи во наредното коло ќе ѝ гостуваат на Цибона во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП