18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПике: По Мундијалот ќе ја напуштам репрезентацијата

Пике: По Мундијалот ќе ја напуштам репрезентацијата

pike-peeder

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пике најавил дека по завршувањето на Светското првенство во 2018 година ќе се повлече од националниот тим. Пике истакнал дека е „преморен“ од константините критики кои ги добива од медиумите и навивачите.

Фудбалерот на Барселона, Пике, во минатото беше критикуван од медиумите и навивачите бидејќи ја поддржува независноста на Каталонија, но и поради тоа што често го критикува големиот ривал на Барселона, мадридски Реал.

Дефанзивецот, во неделата, повторно стана мета на критики, откако на дресот со долги ракави ги скратил ракавите на местото каде што се боите на шпанското знаме.

„Да, веќе сум преморен од тоа. Светското првенство во Русија ќе биде мојата последна обврска во шпанската репрезентација. Ги исеков ракавите бидејќи ми беа куси, тоа ми пречеше. Направив сѐ што можам, но ова не се издржува. Ракавите беа само „капката која ја прелеа чашата“, рекол Пике.

Пике, во 2018 година кога ќе се одржи Мундијалот во Русија, ќе има 31 година. Дефанзивецот за Шпанија има одиграно 89 натпревари, постигнал пет гола. Со „црвената фурија“, Пике во 2010 беше светски, а две години подоцна и европски првак.

„Успеаја да ми ја убијат желбата да играм во репрезентацијата. Иако тогаш ќе имам 31 година ќе се повлечам од националниот тим. Секогаш давав сe од себе и додека некои тоа го ценат, постојат луѓе кои не ме сакаат во тимот“, рекол Пике.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП