18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок за Реал, Рамос еден месец ќе биде надвор од тимот

Шок за Реал, Рамос еден месец ќе биде надвор од тимот

povreda-ramos3353

Шпанија, во неделата, ја победи Албанија со 2-0, но гостувањето во Скадар и втората квалификациска победа на „црвената фурија“, нема по добро да ја памети дефанзивецот Серхио Рамос.

Добар резултат за Шпанија, но лоши вести за мадридски Реал, по натпреварот во Скадар во кој „црвената фурија“ со 2-0 ја совлада Албанија.

На десет минути до крајот на натпреварот Серхио Рамос ја напушти играта, а по мечот тренерот на Реал, Зинедин Зидан, ја слушна лошата вест, дека капитенот на неговиот тим ги повредил лигаментите во коленото и дека најмалку еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени.

Повредата на Рамос само ги зголеми проблемите со кои се соочува Зидан со повредените играчи, бидејќи надвор од тимот се Модриќ, Касемиро и Марсело.

Во Реал се надеваат дека Модриќ и Рамос ќе бидат подготвени за градското дерби со Атлетико кое на програмата е на 20.ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП