2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорко Ристовски го предводи тимот на колото

Борко Ристовски го предводи тимот на колото

borko-borko

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, го предводи најдобриот тим на третото коло, во ракометната Лига на шампиони.

Барселона, во третото коло, во дербито, победи на тешкото гостување кај Фленсбург (28-27), а најзаслужен за триумфот е Ристовски кој натпреварот го заврши со 19 успешни интервенции.

Покрај Ристовски во тимот на ЕХФ за третото коло се најдоа уште левото крило на Ла Риоха Анхел Фернандез, левиот бек на Рајн Некар Ким Екдал ду Риц, пикерот на Нант Николас Турнат, Аран Палмарсон од Веспрем на позицијата среден бек, односно десниот бек на Висла Шиме Ивиќ и десното крило на Кристијанштад Тим Соресен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП