17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Мареј ја топи предноста на Ѓоковиќ

АТП: Мареј ја топи предноста на Ѓоковиќ

nole-marej-3353535

Новак Ѓоковиќ и понатаму се наоѓа на првото на АТП листа, но неговата предност полека ја топи Британецот Енди Мареј.

Ѓоковиќ, кој поради повреда не играше на турнирот во Пекинг загуби 500 поени и на врвот на листата има 13.540 бодови.

Мареј, дополнително ја намали разликата во однос на српскиот тенисер со триумфот во Пекинг, тој има 3.695 бодови помалку од Ѓоковиќ.

Најновата ранг листа на најдобрите светски тенисери, која АТП ја објави денес, број три во светот е Стан Вавринка, а на четвртото место е Кеи Нишикори, а Топ 5 завршува со Рафа Надал.

Милош Раониќ е шести во светот, а до десеттото место следуваат Роже Федерер, Гаел Монфилс, Томаш Бердих и Доминик Тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП