14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.10.2016

Дневен хороскоп 10.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Водете сметка што и пред кого зборувате. Нешто што ќе кажете пред некого може да ви се одбие од глава. Ве загрижува финансискиот дел, насочете се кон наплата на некој долг од минатото.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Долго чекате на некоја информација и многу сте вознемирени поради неизвесноста. Може да ви се посреќи. Очекувајте добри вести. Она што го барате е слобода, мир, прошетки, љубов… Сте го заслужиле сето тоа, зошто тогаш да не си го овозможите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Оптеретени сте со работните обврски. Одржете ја концентрацијата и завршете го она што сте го започнале или договориле бидејќи од тоа ќе зависи и вашата понатамошна работа. Имате потреба да се изолирате, но немојте, така само ќе ви биде полошо.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Малите конфликти на почетокот на работниот ден ќе ве направат нервозни и неподготвени за компромис. Време е да побарате помош од некој со поголемо искуство. Нека не ве обесхрабруваат лошите коментари, тие што ги кажуваат не знаат колку всушност вредите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не очекувајте поддршка од другите туку сами завршете си ги сите обврски. На емотивен план нема да бидете сосема расположени, нешто што очекувате не добивате и тоа ве фрустрира. Чувајте се од повреди.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Инсистирате на некои рокови и со тоа правите непотребна тензија меѓу соработниците. Потребен ви е одмор. Доколку сакате да направите промена, сега е вистински момент. Немојте да се осветувате на некој кој ви згрешил. Тоа е нечовечки.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работите ќе ги обавувате со неверојатна леснотија. Соработниците се потпираат на вас и ви укажуваат голема доверба. Ги мешате љубовта и пријателството и тоа може скапо да ве чини. Потрудете се да на манипулирате со туѓите чувства.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немојте да бидете преостри кон колегите кои ви направиле некаква грепшка, сигурно тоа не било намерно. Не си создавајте непријатели со неподносливото однесување. Се обидувате да флертувате со некој кај кого немате шанси и сте свесни за тоа, престанете бидејќи сами ќе се повредите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Забележувате дека случувањата на деловна сцена се одвиваат под чудни околности. Повлечете се и мирувајте. Можно е да се појави голем проблем и некој да биде избркан од работа. Најдете извор на позитивна енергија и поправете си го расположението.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некоја личност во знакот на Рак ќе ви предложи деловна соработка. Согласете се на условите и искористете ја приликата која долго време ја чекавте. Ова е момент да и пријдете и на личноста која ви се допаѓа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На деловен план денес ќе добиете прилика да ја поправите грешката од минатата недела. Не се откажувајте дадете се од себе. Делувате отсутно и незаинтересирано, партнерот ќе ви замери на тоа. Покажете малку иницијатива и оптимизам.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу ситуации на деловната сцена делуваат многу предизвикувачки, но истовремено и поучно. Употребете ја вашата интелигенција за да остварите најдобри резултати. Партнерот ќе нема многу време за вас, а тоа ќе ве налути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП