3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВентура: Можеби победата над Македонија не e голема работа, но освоивме важни...

Вентура: Можеби победата над Македонија не e голема работа, но освоивме важни бодови

ventura

Италијанскиот селектор Џампјеро Вентура задоволен само од победата на неговиот тим против Македонија (2-3), но не и од примената на неговите тактички замисли се појави на прес-конференцијата по натпреварот на арената „Филип Втори“.

„Грешевме во играта, имаше од сé по нешто. Правевме грешки кои беше тешко да се предвидат. Кога настапувате со помлади играчи, тоа можеби е и нормално, но секако дека имавме грешки во спроведувањето на тактичките замисли. Можеби да се победи Македонија не е голема работа, но оваа победа е важна“, рече Вентура.

Италијанскиот селектор призна дека влегувањето на Пароло ги сменило работите на теренот, иако искажа задоволство и од тоа како одиграле Верати и Бернардески.

„Бернардески имаше добар настап, преку него во првото полувреме имавме три добри контранапада. Верати му беше добра поддршка, мислам дека тие двајца добро соработуваа. Истото важи и за Пароло, тој внесе свежина во играта и по неговото влегување дадовме два гола“, заврши Вентура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП