3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова победа на Розберг, Германецот блиску до титулата

Нова победа на Розберг, Германецот блиску до титулата

rozberg00

Возачот на Мерцедес Нико Розберг победи на тркатата за Големата награда на Јапонија, по која неговиот тим на четири трки до крајот ја освои титулата во конкуренција на конструкторите.

Германецот првпат во кариерата победи во Сузука, во целта влезе со време 1:26.43 часа. Розберг ја забележа деветтата победа сезонава, или вкупно 23 во кариерата, и на чатири трки до крајот на сезоната стекна предност од 33 бода во однос на актуелниот шампион Хамилтон.

Розберг во Јапонија возеше соло трка, стартуваше од пол позицијата и од првиот до последниот круг никој не успеа посериозно да му се закани. Хамилтон имаше катастрофален старт, пред првиот свиок тој од втората се најде на осмата позиција. Во текот на трката успеа да стигне до третото место, се обиде да ја нападне и втората позиција на Ферстапен, но тинејџерот од Холандија ги одби неговите напади.

Покрај Розберг, Ферстапен и Хамилтон, бодови во Јапонија освоија уште пилотите на Ферари, Фетел и Раиконен, Рикардо од Ред Бул, двоецот на Форс Индија, Перез и Хилкенберг и возачите на Вилијамс Маса и Ботас.

Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози во САД на 23. октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП