
Италијанскиот репрезентативец Рикардо Монтоливо поради повреда најмалку шест месеци ќе отсуствува од фудбалските терени, соопшти неговиот клуб Милан.


Италијанскиот репрезентативец Рикардо Монтоливо поради повреда најмалку шест месеци ќе отсуствува од фудбалските терени, соопшти неговиот клуб Милан.
Монтоливо се повреди на квалификацискиот натпревар против Шпанија (1-1), одигран во четвртокот во Торино, по еден дуел со Серхио Рамос.
Играчот на Милан ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото, а дополнителните прегледи покажале дека тој ќе мора да биде опериран.
Според правилата, доколку играч се повреди во дресот на репрезентацијата и отсуствува повеќе од 28 денови, што во случајот на Монтоливо е извесно, тогаш ФИФА треба да ја исплати неговата плата, во случајов таа изнесува 7,5 милиони евра.
Италија в недела гостува во Скопје, а покрај Монтоливо во тимот ќе го нема и Грацијано Пеле кој е суспендиран од страна на италијанската федерација.