17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ го потврди трансферот на Синовец

МЗТ го потврди трансферот на Синовец

sp-sinovec

Српскиот бек Стефан Синовец (28) се врати во екипата на МЗТ Скопје со која потпиша договор до крајот на сезоната. Лошиот старт во новата сезона, три порази во исто толку натпревари и повредите на Лалиќ и Дреновац, го натераа раководството на МЗТ да го ангажира искусниот кошаркар.

Стефан Синовец добро ја познава средината во која доаѓа, тој во два пати бил играч на МЗТ, во сезоната 2013/2014, а потоа по кусиот престој во Солнок во 2014, се врати во тимот и ја одигра до крај сезоната 2014/2015.

Синовец кој е висок 195 сантиметри е бек шутер, но може да игра и како ниско-крило, позиција која е дефицитарна кај МЗТ по повредата на Дреновац.

Дебито на Синовец во МЗТ ќе биде на натпреварот против Цибона кој ќе се одигра в недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП