18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРајковиќ најавува промени во ростерот на МЗТ

Рајковиќ најавува промени во ростерот на МЗТ

drvo33

Три убедливи порази, во воведните три кола, во АБА лигата, го вклучија алармот во таборот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ. Промени во составот најави тренерот Емил Рајковиќ, по поразот од Цедевита во четвртокот.

МЗТ на почетокот на сезоната во регионалната лига се соочи со три тима кои заедно со Будуќност се најголемите фаворит за пласман на завршниот турнир. Поразите од Црвена ѕвезда (91-69), Партизан (93-62) и Цедевита (82-61) веројатно беа очекувани, но никој во клубот не очекуваше дека МЗТ по тие три натпревари кош разликата ќе биде во негатива од 74 поени.

Играта на МЗТ не е добра во двата правци, одбраната е порозна, додека нападот е чиста импровизација и се се сведува на индивидуални акции.

„Со оглед на тоа што имавме скратена ротација, во добар дел од натпреварот одигравме подобро него на мечот со Партизан. Има напредок, но ова не е играта која ја очекувавме во првите три кола. Мислам дека по средбата со Цибона во Скопје ќе има одредени промени во нашиот состав, недопустливо е да играме ваква одбрана. Мораме да играме поенергично, ако биде потребно ќе направиме промени во ростерот само за да играме кошарка каква што сакаме“, рекол тренерот на МЗТ Рајковиќ, по мечот со Цедевита.

МЗТ со Цибона игра в недела од 21 час во СЦ „Јане Сандански“, а по тој меч се очекува договор со клубот да потпише поранешниот играч на металците, Стефан Синовец, кој од четвртокот е во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП