19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МЗТ загуби и од Цедевита

АБА: МЗТ загуби и од Цедевита

Image (5)

Трет натпревар и трет пораз за МЗТ во АБА лигата, утеха во поразот е дека МЗТ одигра подобро отколку во дуелите со Црвена ѕвезда и Партизан. Цедевита во Загреб го порази МЗТ со 82-61.

Без двајца важни играчи во ротацијата , Дреновац и Лалиќ, МЗТ одигра коректен натпревар против Цедевита, екипа која разочара во првите два кола, а не блескаше ниту против македонскиот шампион.

МЗТ нема игра во нападот, каде најчесто сé се сведува на чиста импровизаија и соло акции. Против Цедевита не функционираше ниту скокот, односно „металците“ на противникот му дозволија 14 офанзивни скокови.

Цедевита не одигра ништо особено, очигледно дека претендентот за пласман на завршниот турнир е разнишан по поразите од Будуќност и Црвена ѕвезда, но во четвртокот шампионот на Хрватска беше доволно добар за да слави против МЗТ.

Во текот на целиот натпревар Цедевита ја одржуваше разликата од шест до 12 поени, а до убедливиот триумф домаќинот стигна во поледните три минути со серија од 13-0.

Во последните три минути МЗТ имаше минус осум (69-61), но потоа со неколку технички грешки му дозволија на противникот три контранапада, Бабиќ и Билан погодија тројки за конечни 82-61.

Клоф го предводеше МЗТ со 16 поени, седум скока и шест асистенции, но и осум загубени топки, а Симоновски постигна поен помалку (5/11 за три). На спротивната страна Билан беше најефикасен со 21 поен.

МЗТ в недела во рамките на четвртото коло ќе ја пречека Цибона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП