22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи загуби од Игокеа

Карпош Соколи загуби од Игокеа

karpos 9944

Кошаркарите на Карпош Соколи на дебито пред своите навивачи во АБА лигата загубија од Игокеа 79-84.

Дебитантот во регионалната лига, тимот на Карпош Соколи, натпреварот го загуби уште во првото полувреме кога Игокеа го заврши со предност од 15 поени (32-47). Тимот од Александровац во финишот на третиот период стекна и максимални 18 поени предност (48-64).

Лабовиќ со 22 поени, односно Пери со 16 кошеви, шест скока и пет асистенции беа најефикасни кај Карпош Соколи, додека Игокеа ја предводеше Радивојевиќ со 19 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП