6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Црвено-жолтите“ одат на победа против Израел

„Црвено-жолтите“ одат на победа против Израел

пандо

Македонската фудбалска репрезентација, в четврток, ќе го одигра првиот натпревар пред домашната публика, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија. Израел ќе и биде противник на Македонија, во дел на репрезентациите кои беа поразени во првото коло: Македонија загуби од Албанија 1-2, а Израел од Италија 1-3.

Израел е технички добра репрезентација, веројатно е фаворит во пресметката со Македонија, но избраниците на селекторот Ангеловски на крилјата на добрата атмосфера која владее во тимот ќе се обидат да ги освојат трите бода.

„Израел е фаворит на хартија, но тоа ќе важи само до почетокот на натпреварот, кога мечот ќе започне ние ќе „гриземе“ за да стигнеме до победата. Во последно време нашите резултати не се сјајни, поради тоа мора да одиграме добро, да го подобриме впечатокот кај публиката“, изјави во пресрет на натпреварот селекторот Ангеловски, кој нема да може да смета на услугите на стандардниот дефанзивец Ванче Шиков, кој има повреда на скочниот зглоб.

Утрешната пресметка ќе биде четврта помеѓу двете репрезентации. Македонија нема победа, трите дуели Израелците ги добиле со гол разлика, а актер на две средби (квалификации за ЕП во 2008 година), бил капитенот Горан Пандев.

„Одбраната им е послаб дел од тимот, тоа треба да го искористиме. Израел е технички добро „поткована“ репрезентација. Ќе сториме сѐ за да забележиме позитивен резултат“, рече Пандев..

Дуелот Македонија- Израел се игра в четврток на „Филип Втори“ со почеток во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП