28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШишковски и Велковски прекомандувани во А репрезентацијата

Шишковски и Велковски прекомандувани во А репрезентацијата

siska velko3

Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6. октомври во Скопје.

Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласиле дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој најдобрата селекција, в четврток, ќе го одигра во Скопје.

По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година.

Најдобрата селекција по мечот со Израел, ќе одигра уште еден натпревар во Скопје, в недела против Италија, додека младата селекција на 11. октомври ќе ја пречека Шкотска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП