3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го има најскапиот тим во Европа

Јунајтед го има најскапиот тим во Европа

supaci333

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед во играчкиот кадар вложил 718 милиони евра и се наоѓа на првото место според овој критериум, покажале истражувањата на швајцарскиот фудбалски опсерваториум CIES.

Манчестер Јунајтед, во летниот преоден рок, го урна трансфер рекордот за еден фудбалер, откако за Пол Погба на Јувентус му плати 110 милиони евра. Токму овој трансфер го лансираше Јунајтед на првото место.

Клубот од „Олд Трафорд“, вклучувајќи го и трансферот на Погба во играчкиот кадар вложил 718 милиони евра, односно 84 милиони повеќе од мадридски Реал.

Трет на оваа листа е Манчестер Сити (611 млн. евра), а во Топ 10 се наоѓаат и Барселона (485), Челзи (481), ПСЖ (455), Јувентус (395), Арсенал (381), Баерн Минхен (357) и Ливерпул (356).

Меѓу 40-те клубови на листата доминираат англиските, бидејќи место на листата има за Тотенхем, 12-то место, Вест Хем (19), Саутемптон (20), Кристал Палас (23), Лестер (26), Сандерленд (32), Свонси (33), Борнмут (34), Вотфорд (36) и Хал (37).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП