26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.10.2016

Дневен хороскоп 05.10.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Избегнете ја личноста која ви донесува дополнителна нервоза или негативно расположение во вашето опкружување. Партнерот нешто ви премолчува, но вие не обрнувате внимание на тоа. Време е да започнете да читате меѓу редови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да се задоволувате со половични решенија. Доколку работите колку само да се рече дека нешто работите, на краjот нешто ќе пукне. Во љубовта малку го запоставувате партнерот, а на него тоа не му одговара. Одвојте малку време за него.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате чувство дека ви недостасуваат доверливи информации. Обидете се да дознаете нешто од старите и поискусни колеги. Можни се несогласувања со саканото лице, не дозволувајте да прераснат во сериозни проблеми.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Максимално посветете и се на работата. Тоа сигурно ќе ви се исплати. Во љубовта се наоѓате во емотивен занес. Покажете и на саканата личност колку ви е важна. Можна е минлива главоболка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес завршете ги сите заостанати обврски. Во спротивно би можеле да имате сериозни проблеми. Во љубовта посакувате квалитетен љубовен однос. Имајте на ум дека и вие треба да се потрудите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во средбата со соработниците се обидувате да промените нечие мислење и однесување. Време е да се откажете од тоа. Зборовите на партнерот на вас делуваат демотивирачки. Ќе реагирате поосетливо од вообичаено.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Средбата или разговорот со едно лице на вас делува многу поттикнувачки, затоа прифатете ја идејата за деловно-финансиската соработка. Во љубовта повремено го губите трпението, ги повредувате чувствата и желбите на партнерот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку тргнете во купување ќе потрошите повеќе отколку што сте планирале. Не го поправајте расположението трошејки пари на неважни нешта. Ве погодуваат неважни ситници, особено ако доаѓаат од партнерот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Неповолен ден на работа. Не изнесувајте идеи и заклучоци. Слободните Стрелци ќе стапат во контакт со многу атрактивна личност. Оние кои се во врска ќе поминат убав, мирен и спокоен ден со партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи ќе имате малку зголемен број на обврски. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер нема да имате исто мислење. Не се нервирајте, работите ќе бидат онакви какви што сте ги замислиле.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични. Некои претставници ќе донесат некоја важна одлука.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој ден делува на вашата амбиција, но и на семејните односи. Се трудите да му се допаднете на еден Лав со кој можете лесно да се договорите за многу работи, но тој веројатно не ви посветува многу внимание на вас. Би било подобро вечерта да ја поминете мирно, отколку да се оптеретувате со непотребни размислувања за минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП