11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПокажан првиот зелен картон во фудбалот

Покажан првиот зелен картон во фудбалот

зелен-картон

Познато е дека во фудбалот играчите на теренот добиваат жолти и црвени картони за неспортски однесувања, а во вторникот на еден натпревар во италијанската Серија Б, судијата покажа зелен картон.

Фудбалерот на Виченца Кристијан Галано влезе во историјата како првиот играч кој добил зелен картон, како фудбалер кој на теренот покажал најмногу фер плеј.

На мечот помеѓу Виртус Ентела и Виченца, Галано, на помошниот судија му признал дека погрешно досудил корнер во корист на неговата екипа.

Зелениот картон минатата година е воведен во Серија Б, а оваа сезона прв пат беше употребен.

Целта на овој картон, за разлика од жолтиот и црвениот е да ги промовира позитивните фудбалски вредности и фер плејот. На крајот од сезоната играчот кој ќе добие најмногу зелени картони ќе биде награден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП