28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакл на МЗТ против Партизан

Дебакл на МЗТ против Партизан

deba

Кошаркарите на МЗТ добија жешка шлаканица од белградски Партизан во рамките на второто коло, во регионалната АБА лига. По убедливиот пораз од Црвена ѕвезда, МЗТ претрпе дебакл против Партизан 62-93 (16-29, 9-19, 21-22, 16-23).

МЗТ најави борба за горниот дел од табелата (пласман помеѓу шестото и осмото место) пред почетокот на АБА лигата, но по воведните две средби, јасно е дека Емил Рајковиќ и неговите избраници ги очекува жестока работа доколку сакаат да ги исполнат прогнозите.

По убедливоот пораз во петокот од Црвена ѕвезда, МЗТ како домаќин беше прегазен од Партизан 62-93.

МЗТ одигра катастрофално во одбраната, а во нападот владееше вистинска анархија, без јасна поставеност на нападите, сѐ се сведуваше на индивидуални акции. МЗТ катастрофално шутираше од поле, 36 отсто за два и само 13 отсто за три (4/30).

На спротивната страна екипата која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, со јасна цел и план влезе во натпреварот, одбраната гранитна, а нападот го водеше одличниот Хачер.

Концепцијата на МЗТ, Партизан ја растури уште во првата четвртина кога со серија од четири тројки прв пат стекна двоцифрена предност (9-20). Од тој момент „црно белите“ константно ја зголемуваа предноста, плус 23 на полувреме (25-48), а во еден момент во последната четвртина разликата изнесуваше 38 поени.

Партизан погоди 11 тројки од 23 обиди, а за два поени реализираше 69 отсто од обидите.

Тејмс со 20 поени и Мејси со 15 поени и 12 скокови единствени заслужија преодна оценка кај МЗТ, додека Партизан го предводеше триото Хачер со 21, Бирчевиќ со 19 и Маринковиќ со 16 поени.

Наредниот меч МЗТ ќе го одигра веќе в четврток, кога во Загреб ќе гостува кај Цедевита, а Партизан ден подоцна ќе ја пречека Цедевита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП