2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри натпревари на македонската фудбалска репрезентација бесплатни за основците и децата од...

Три натпревари на македонската фудбалска репрезентација бесплатни за основците и децата од социјалните установи

ffm

Фудбалската федерација на Македонија за најмладите овозможи бесплатен влез на Националната арена „Филип Втори“ за натпреварите Македонија – Израел, Македонија – Италија и Македонија (21) – Шкотска (21).

Основците од прво до деветто одделение, во придружба на родител и децата од социјалните институции имаат можност да ја бодрат македонската репрезентација против атрактивните противници.

„За сите нас спортот, фудбалот и македонската репрезентација треба да биде заедништво. Од мали нозе се обидуваме да им наметнеме навика на најмладите дека спортот обединува, носи радост и единствено доживување. Фудбалската федерација на Македонија е еден од пионерите во европски рамки кога е во прашање поддршката на социјалните институции, придружбата на лицата со инвалидитет и овозможувањето децата и младите директно да бидат вклучени на натпреварите. Дел од овие деца живеат за еднаквост и рамноправност, а преку топката, фудбалот и дружењето уште повеќе ќе придонесеме кон развој на толеранцијата и разбирањето“, вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП