15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнфантино предложи Мундијал со 48 репрезентации

Инфантино предложи Мундијал со 48 репрезентации

infantino 45

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино предложил во иднина на светските првенства да учествуваат 48 репрезентации. Бројката на репрезентации кои би учествувале на светските првенства е поголема од она која Инфантино ја предложи во своите предизборни ветувања.

Светско првенство со 48 репрезентации предложи првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, со цел „да го развие фудбалот во сите сите делови на планетата“, односно да им овозможи и на фудбалски послабите нации да учествуваат во распределба на финсискиот колач.

Според предлогот на Инфантино, пред почетокот на фазата по групи би се одиграло едно претколо, по кое 16 репрезентации би се простиле од Мундијалот.

Потоа во фазата по групи би се пласирале 32 репрезентации, поделени во осум групи по четири селекции, а по завршувањето на оваа фаза би следувала нокаут рундата.

Инаку, Инфантино во својата предизборна програма вети светско првенство со 40 репрезентации.

„Имаме идеи, сега треба да го најдеме вистинското решение. Предлозите ќе ги разгледуваме во текот на овој месец, а конечната одлука ќе ја донесеме на почетокот на наредната година“, рекол Инфантино.

„Мој предлог е СП со 48 репрезентации и во принцип форматот е сличен како и досегашниот. И понатаму на СП ќе учествуваат 32 репрезентации, единствената разлика е што на забавата ќе дојдат 48 селекции“.

Џани Инфантино во февруари стана претседател на ФИФА, тој беше избран по заминувањето на Сеп Блатер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП