6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГаби останува во Атлетико

Габи останува во Атлетико

gabi999

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи, потврдил дека со клубот договорил продолжување на соработката. Актуелниот договор на Габи со Атлетико важи до крајот на сезоната, но тој решил најмалку до 2018 година да го носи дресот на клубот од „Винсенте Калдерон“.

„Веднаш се договоривме. Лесно постигнав договор со саканиот клуб. Се додека можам да играм на ниво кое го бара Атлетико ќе бидам тука“, рекол Габи за радиото Кадена Сер.

Габи (33) ја минал младинската школа на Атлетико, потоа играч за Хетафе и Сарагоса, а во 2011 година се вратил во матичниот клуб.

Габи со Атлетико има освоено четири титули (Примера, Купот на Кралот, Лига Европа и Суперкуп на УЕФА), но и загуби две финалиња во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП