12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦедевита декласирана во Белград

Цедевита декласирана во Белград

цедевита

Црвена ѕвезда го доби првото сезонско дерби во АБА лигата против екипата на Цедевита. Освојувачот на последните две титули во регионалната лига одигра беспрекорен натпревар и на крајот убедливо славеше со 88-64.

Црвена ѕвезда со две убедливи победи (МЗТ и Цедевита), уште на стартот од сезоната сериозно ја истакнува кандидатурата за одбрана титулата во АБА лигата.

„Црвено-белите“, одиграа беспрекорен натпревар против Цедевита, во кој убедливо славеа. Јовиќ брилијантно го водеше својот тим во нападот (забележа 16 асистенции), а во тимската одбрана не им дозволи на противниците да се доближат до кошот, ниту пак да добијат можност за отворен шут. Исто така „црвено белите“ блескаа во шутот за три поени, постигнаа 14 тројки од 30 обиди.

Црвена ѕвезда водеше од почетокот до крајот, уште во првито период дојде до двоцифрена предност, на полувреме имаше шест поени предност, а мечот играчите од Белград го решија во третата четвртина во која постигнаа 28, а примија 12 поени.

Симоновиќ со 16 (четири тројки) и Џенкинс со 15 (три тројки) ја предводеа Црвена ѕвезда до победата. Лидерот на табелата во третото коло ќе гостува во Задар, додека Цедевита ќе го пречека МЗТ во Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП