27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлигашите ги намалуваат долговите

Премиерлигашите ги намалуваат долговите

composite_corp_cir_stk_RGB_2011-12-1024x1020

Дали поради строгите финансиски правила на УЕФА или поради големите приходи, клубовите од Премиер лигата веќе се во подобра финансиска состојба. „Само“ 12 од сите 20 учесници во англиското првенство се во загуба.

Вкупната загуба на клубовите за сезоната 2011/12 е 205 милиони фунти. Пред три години таа беше повеќе од двојно повисока , односно 484 милиони фунти. Освен ова, тогаш во „минус“ биле 16 клубови.

Актуелниот шампионот Манчестер сити ги намали загубите од рекордни 197 милиони фунти во 2011-та  на 99 милиони фунти. Клубот потпишаа огромен спонзорски договор со „Etihad“, па некои експерти коментираат дека сумата според договорот е вештачка, за да може клубот да се справи со финансискиот ферплеј на УЕФА.

Манчестер Јунајтед, кој оди самоуверено кон 20-тата титула во Англија, должи 420 милиони фунти, за кои платиле камата од 50 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП