6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Тројца играчи и тренерот на Вардар во тимот на месецот

СЕХА: Тројца играчи и тренерот на Вардар во тимот на месецот

cindri

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е предводник на идеалниот тим во СЕХА лигата за септември. Во тимот на месецот покрај тренерот Вардар е преставен и со тројца играчи.

Ракометарите на Вардар новата сезона во СЕХА лигата ја започнаа со реми против Мешков Брест, а потоа забележаа пет победи, што им го донесе лидерското на табелата.

Во изборот на СЕХА за изминатиот месец најдобар тренер е Раул Гонзалес, а од играчите на Вардар во идеалниот тим се Тимур Дибиров (лево крило), Лука Циндриќ (среден бек) и Алекс Душебаев (десен бек).

Покрај вардарците, во тимот на месецот уште се голманот на Веспрем, Роналд Миклер, десното крило на Цеље, Блаж Јанц, левиот бек на Загреб, Стипе Мандалиниќ и пивотот на Мешков Брест, Растко Стојковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП