Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Оваа недела ќе бидете полни со негативна енергија, која ќе ја пренесувате на работа и ќе бидете критикувани поради тоа.
ЉУБОВ: Потребна ви е искрена љубов и не сакате да го прифатите фактот дека во моментов не можете да имате стабилна врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни се мали психички проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ве очекуваат премногу обврски, а вие сте премногу мрзливи. Завршете се што е потребно за да не се соочите со санкции.
ЉУБОВ: Емотивно ве измачуваат мрачни мисли. Љубомората се вселила во вашето срце, пробајте да ја победите.
ЗДРАВЈЕ: Посетете гинеколог или уролог.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Очекувате мал приход до крајот на неделата. Инвестирајте во вашето знаење, така ќе напредувате.
ЉУБОВ: Ве очекува малку ладен однос со саканото лице. Бидете подготвени на компромиси.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со зглобовите.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Доколку избирате нов деловен партнер, нека биде тоа лице од делот на семејството. Потребна ви е стабилност.
ЉУБОВ: Слободните ќе имаат шанса да започнат нешто ново и возбудливо. Зафатените ќе уживаат во љубовта и вниманието.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Одложете ги важните состаноци ако имате таква можност. Немате доволно концентрација, растроени сте и ви недостасува концентрација.
ЉУБОВ: Јавете му се на лицето кое ви се допаѓа веќе некое време. И тоа е заинтересирано за вас.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Потрудете се да си удоволите на себе, но не се оптеретувајте толку со недостатокот на пари. Наскоро некој нов проект ќе ви донесе поголема заработка.
ЉУБОВ: Не сте задоволни од емотивниот живот. Не очајувајте следи подобар период.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за својата исхрана.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Денот не е поволен за финансиски вложувања. Уште една парична загуба би можела да ве доведе во сериозни долгови.
ЉУБОВ: Саканото лице е под притисок. Помогнете му да се опушти.
ЗДРАВЈЕ: Многу е важно да ја подобрите кондицијата. Воведете некоја физичка активност во својот живот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Имате шанса да го поправите односот со важни деловни клиенти. Ова е одлична недела за зголемување на приходите.
ЉУБОВ: Очекувате премногу од некое ново познанство. Сте одбрале личност која како и вие сака да доминира.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате, но тоа не треба да значи дека можете да претерувате со исхраната.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Ви недостасуваат идеи. Замолете една Девица за помош и се ќе биде во најдобар ред.
ЉУБОВ: Можна е голема кавга со партнерот. Обидете се да го решите тоа на дипломатски начин.
ЗДРАВЈЕ: Регулирајте ја исхраната – ставајте помалку зачини во храната.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Ако се занимавате со истражувачка работа ќе имате успех во тоа. Оваа е одлична недела за подобрување на финансиите.
ЉУБОВ: Многу ви е важна стабилноста во врската. Поради тоа, вложете дополнителни напори.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Оние кои се занимаваат со услужни дејности можно е да имаат проблеми оваа недела. Сите останати напорно ќе работат на совладување на работните задачи.
ЉУБОВ: Емотивно се чувствувате многу комотно и опуштено. Слободните Водолии ќе уживаат во секој момент. Зафатените ќе бидат во мир и хармонија.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со бубрезите.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Можно е дека ќе пронајдете работа која има врска со патување и движење. Таа работа ќе ви донесе дополнителна заработка.
ЉУБОВ: Партнерот може да биде сигурен во вашата љубов и чувства. Слободните Риби може да очекуваат страствена авантура.
ЗДРАВЈЕ: Воведете повеќе физичка активност во животот.