17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса падна на Балаидос

Барса падна на Балаидос

барса---

Фудбалерите на Селта приредија големо изненадување во последниот меч од седмото коло во Примера, откако славеа против Барселона 4-3. Претходно подвиг направи и Еибар, кој во Мадрид одигра 1-1 против Реал.

Селта против големиот фаворит успеа да ја забележи третата сезонаска победа со која се искачи на 10-то место на табелата, додека Барселона го запиша и вториот пораз и со 13 бодови е на четвртата позиција.

На Балаидос, домаќинот за само 11 минути во првиот дел, од 22-та до 33-та минута постигна три гола, преку систо, Аспас и Матје кој го матираше својот голман.

Барселона успеа да се врати во мечот со головите на Пике и Нејмар постигнати во 58-та и 64-та минута.

Победата на Селта и ја подари голманот на Барселона Тер Штеген, кој во 77-та минута лошо исфрли една топка, која го погоди во глават Ернандез и заврши во неговиот гол.

До крајот Пике постигна уште еден гол, кој не беше доволен Барселона да го избегне поразот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП