Тотенхем е единствената непоразена екипа по одиграни седум кола во англиската Премиерлига. Тотенхем, во дербито, го совлада Манчестер Сити 2-0 и на ривалот му го нанесе првиот пораз во првенството и воопшто првиот пораз во сезоната.
Тотенхем му се доближи на само еден бод на лидерот Манчестер Сити, откако во дербито победи 2-0.
Тимот на Маурисо Покетино победи со автоголот на Коларов во деветтата и Деле Али во 37-та минута.
Триумфот на Тотенхем можеше да биде изразен со уште еден гол повеќе, но Ламела во 67-та минута не успеа да реализира пенал.
Претходно, Манчестер Јунјатед со дозволи уште еден кикс, бидејќи одигра само 1-1 со Стоук.
Марсијал погоди за Јунајтед, а на десет минути до крајот израмни Ален.