21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриумф на Вардар во Кратово, Шкендија победи во Битола

Триумф на Вардар во Кратово, Шкендија победи во Битола

двое

Двоецот кој ќе се бори за титулата во домашното првенство, Вардар и Шкендија забележаа победи како гости во 9.коло. Вардар победи во Кратово, а Шкендија во Битола.

Актуелниот првак Вардар лесно славеше во Кратово против Силекс. Спировски Фелипе од пенал во првото полувреме ја најавија победата, која ја потврди Којашевиќ во второто полувреме. Ацевски на шест минути до крајот го постигна почесниот гол за Силекс.

Пелистер, во дербито, водеше против Шкендија 90 минути, но не успеа да освои ниту бод. Кардосо му донесе предност на битолскиот тим, а триумф за Шкендија обезбедија Хасани и Жуниор во 83-та и 84-та минута.

Резултати, 9.коло:

Силекс-Вардар 1:3

Пелистер-Шкендија 1:2

Македонија ЃП-Шкупи 0:1

Ренова-Победа 1:1

Работнички-Брегалница 1:1

Табела: 1. Вардар 21, 2. Шкендија 17 (-1), 3. Работнички 13, 4. Пелистер 12,, 5. Ренова 12, 6. Силекс 10, 7. Победа 9, 8. Шкупи 9 (-1), 9. Брегалница 7, 10. Македонија ЃП 6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП