15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал еден месец без Модриќ

Реал еден месец без Модриќ

modrik

Лука Модриќ, поради повреда на коленото, еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени, соопшти неговиот клуб Реал Мадрид.

Хрватскиот репрезентативец се повредил во средата, на натпреварот во Дортмунд против Борусија, во Лигата на шампионите.

Модриќ нема да биде во хрватската репрезентација на квалификациските натпревари против Косово и Финска, во Примера ќе ги пропушти дуелите против Еибар, Бетис и Атлетик Билбао, како и двата дуела против Легија во Лигата на шампионите.

Лука Модриќ ја игра петтата сезона во Реал, а претходно настапуваше за Динамо Загреб и Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП