5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички го прослави јубилејот, Гечевски замина меѓу легендите

Работнички го прослави јубилејот, Гечевски замина меѓу легендите

14450010_1332268350136765_1440153923420080006_n

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички, во петокот, обележа 70 години од своето постоење. Гостин на јубилејот беше турскиот шампион Фенербахче кој славеше 90-62. На овој меч, официјално кариерата ја заврши Тодор Гечевски еден од најдобрите играчи во кошаркарската историја на Македонија.

Тодор Гечевски една година не е активен на кошаркарските терени, но Работнички реши натпреварот со Фенербахче, на прославата на јубилејот, да биде запишан како последен во неговата кариера.

Кавадарчанецот во игра влезе во последната минута, по една контра постигна поени и замина на клупата и меѓу легендите на македонската кошарка.

Гечевски во кариерата настапувал за Никол Ферт, МЗТ, Авелино, Хаген, Работнички, Задар, ПАОК, а последните четири години од кариерата ги мина во Македонија, три во МЗТ и една во Работнички.

Пет пати бил шампион на Македонија, по еднаш со Никол Ферт и Работнички и три пати со МЗТ, а во Хрватска освоил две титули со Задар. Шест пати го освојувал македонскиот, а три пати хрватскиот куп.

Испиша историја во АБА лигата, тој е играчот кој остварил најмногу скокови (1314) и собрал најмногу индексни поени (3212).

Тоше има 89 настапи за македонската репрезентација и беше дел од тимот кој го освои четвртото место на Европското првенство во 2011 година во Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП