23 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ декласиран од Црвена ѕвезда

МЗТ декласиран од Црвена ѕвезда

мзт-декла

МЗТ со убедлив пораз стартуваше во новата сезона во АБА лигата. Македонскиот шампион, во Белград, загуби од Црвена ѕвезда со 91-69.

МЗТ на освојувачот на последните две титули во АБА лигата му парираше 15-тина минути, кога Црвена ѕвезда предводена од Гудуриќ направи серија од 16-0 и од 33-27 стигна до 49-27 со која го реши победникот.

Во второто полувреме Црвена ѕвезда лесно ја одржуваше високата предност, а во 30 минути стигна и до максимални 25 поени позитива.

Тејмс го предводеше МЗТ со 17 поени (пет тројки), Лучиќ уфрли 13, а Мејси 12 поени. Кај Црвена ѕвезда најефикасен беше Гудуриќ со 16 поени.

МЗТ следниот меч ќе го игра во вторник кога во Скопје ќе гостува Партизан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар