
Финалниот натпревар во машка конкуренција, на Државното првенство во тенис ќе се одигра во петок.


Финалниот натпревар во машка конкуренција, на Државното првенство во тенис ќе се одигра во петок.
За титулата државен првак ќе се борат Предраг Русевски и Димитар Грабул, кои своите опоненти во полуфиналето ги победија во два сета.
Русевски со 6-1, 6-2 го совлада Стефан Мицов, а Грабул двата сета против Драган Думевски ги доби со 6-4.
Инаку, Русевски и Грабул заеднички ја освоија титулата во машки двојки, откако во финалето славеа против Стефан Мицов и Димитар Ристовски со 7-6, 7-6.
Во женска конкуренција, во сингл, нова државна шампионка е Катерина Маринковиќ која во финалето ја совлада Ана Ристевска со 6-4, 6-2.