6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата АПРА Портер Новели со најмногу награди на најголемиот натпревар за Односи...

Групацијата АПРА Портер Новели со најмногу награди на најголемиот натпревар за Односи со јавност

APRA-Porter-Novelli-New-Logo

Од втората половина на 2012 година една од најголемите групации за односи со јавноста во светот, Porter Novelli Internationl (http://www.omnicomgroup.com/OurCompanies/MarketingServices) е присутна со канцеларија и во Македонија.

Како дел од регионалната мрежа во групацијата АПРА Портер Новели (Бугарија, Македонија, Албанија и Косово – http://www.apraagency.com/portfolio.html), агенцијата за комуникациски менаџмент АПРА Портер Новели Македонија нуди широк асортиман на квалитетни услуги, вклучувајќи односи со јавност, маркетинг, дигитални медиуми и менаџирање на настани. Покрај работењето за потребите на комерцијалните клиенти (домашни и меѓународни), АПРА Портер Новели Македонија реализира и проекти од општествен интерес.

На овогодинешниот најголем Меѓународен настан од областа на односите со јавностa кој се одржа во Софија, Бугарија, во конкуренција на рекордно пријавени 80 проекти од 20 специјализирани агенции, апсолутен победник со освоени три први места е агенцијата за односи со јавност АПРА Портер Новели, и тоа за кампањите:

  • Не е никогаш доцна за нов почеток”, имплементирана од страна на Министерството за Физичко Образование на Бугарија, во категоријата “Комуникациска кампања во јавниот сектор”;
  • Живеј активно! 2012”, за Нестле Бугарија, во категоријата “Најдобар настан”;
  • Алкохолот е лош возач” во категоријата “Кампања за подигнување на јавната свест”.

 

Агенцијата освои уште три награди, меѓу кои и најпрестижната наградата за најдобра агенција за 2012 година.

Пријавените проекти ги оценуваше силно жири составено од комуникациски експерти од Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Холандија, Португалија, Романија, Полска, Хртватска, Русија. Претседател на жирито беше Францис Ингам (Francis Ingham), Главен Извршен Директор на ИЦЦО (ICCO – International Communications Consultancy Organization). Составот на жирито можете да го погледнете ТУКА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП