5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.09.2016

Дневен хороскоп 30.09.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ги препознавате приликите на секој чекор, се чувствувате сакани и уживате во емоциите кои доаѓаат од сите страни. Не смеете да дозволите ниту еден момент да пројде без одлучна акција. Посветете им се на високите цели.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Оптеретени сте со работата и ви се чини дека сите работни задачи паѓаат на вашиот грб. Издржете и немојте премногу да се жалите бидејќи во спротивно ќе си ја уништите репутацијата. Партнерот се чувствува запоставено, посветете му внимание.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски. Во љубовнот живот ви годи присуството на партнерот, се чувствувате возбудено и заљубено. Уживајте во заедничките моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некоја радосна вест ќе ви ги насолзи очите. Конечно ќе забележите дека работите почнале да се редат според правилниот ред. Нека не ве плашат одлуките на некои членови од семејството, тие знаат како да се постават.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Посакувате малку поголема искра од страна на новиот партнер. Сакате тој директно да ви каже дека чувствува нешто за вас. Немојте да делувате пренападни и директно да го барате тоа. На полето работа нема да забележите напредок или менување на работите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе сакате да бидете малку сами и да си ги средите мислите. Пријателите нема да ве остават во самотија, ќе настојуваат да излезете со нив, а тоа би ви било навистина паметно. Не си го оптеретувајте мозокот со нешта од минатото, ќе ги пропуштите сегашните убави моменти.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некој ќе делува позитивно на вашето расположение. Возвратете со насмевка, немојте да бидете намќор. Ќе ви прилега некаква романтична забава за двајца. Доколку сте слободни, испланирајте ја средбата која одамна ја посакувате.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Цел ден ќе ве следи одличното чувство, па на крјаот од денот и ќе искусите нешто убаво. Заборавете на ситните грижи кои ве оставаа без сон. Подигнете ја главата и ќе забележите дека не е се така црно. Некои денешни одлуки ќе ви бидат важни во иднина.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сте во најдобро расположение но затоа се тука пријателите кои навистина ќе направат се за да ја подобрат вашата состојба, возвратете им со радост, бидејќи ретко кој има такви пријатели. Ќе бидете во некаква непријатна ситуација, но со храбри одлуки ќе ја победите непријатноста.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе успеете да завршите некоја многу важна задача која во последниот период ве оставала без сон. Можеби нема веднаш да бидете наградени, но без грижи, целиот ваш труд ќе биде забележан, а тоа ќе ви помогне во иднина. Нека не ве разочаруваат изјавите од негативните лица.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ситуацијата на работното место наеднаш ќе се промени на подобро. Ќе почувствувате голема поддршка и олеснување. Некој повторно ќе се обиде да ви го замати планот, но конечно ќе откриете кој бил тој. Во вечерните часови приклучете и се на забавата на вашето друштво.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Позитивната енергија која ќе ја поседувате денес ќе ви отвори некои нови видици. Можеби со вашите коментари навредувате некој кој доста ве цени. Размислете за однесувањето бидејќи не сте биле сосема фер, а тоа може скапо да ве чини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП