18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар рутински со Горење

Вардар рутински со Горење

seha-var

Нова рутинска победа забележаа ракометарите на Вардар во регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“, во средата, го совладаа Горење со 40-32.

Вардар од натпревар во натпревар ја крева формата, тоа го покажа и против дебитантот во СЕХА лигата, Горење, во чии редови настапуваат довчерашните Вардарци Алем Тоскиќ и Матијаж Брумен.

На полувреме македонскиот шампион имаше предност од 21:12, Горење во второто полувреме се доближи на негатива од шест гола, но Вардар рутински го заврши мечот.

Дибиров постигна седум гола, а пикерите Стоилов и Рожерио по пет, додека Горење го предводеше Брумен со шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП