24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо бод за Вардар и Шкендија

По бод за Вардар и Шкендија

vardar-ske

Три нерешени резултати и по една победа за тим кој играше како домаќин, односно гостин, е епилогот од натпреварите кои се одиграа во осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Лидерската двојка на табелата Вардар и Шкендија, во оваа рунда освоија само по еден бод, па разликата на табелата остана четири бода во корист на Вардар, кој има и натпревар повеќе од Шкендија.

Вардар, во дербито, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, одигра 1-1 со Пелистер. Којашевиќ за Вардар, а Кардосо за Пелистер беа стрелци на головите.

Шкендија, во градското дерби, против Ренова исто така играше 1-1. Ѓуниор погоди за Шкендија, а Муслуи за Ренова, која во минатото коло остана непоразена и против Вардар.

Резултати, 8.коло:
Вардар-Пелистер 1:1
Брегалница-Македонија ЃП 1:2
Шкупи-Силекс 1:1
Победа-Работнички 2:1
Шкендија-Ренова 1:1
Табела: 1. Вардар 18, 2. Шкендија 14 (-1), 3. Пелистер 12, 4. Работнички 12, 5. Ренова 11, 6. Силекс 10, 7. Победа 8, 8. Шкупи 6 (-1), 9. Брегалница 6, 10. Македонија ЃП 6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП