18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООби Микел го напушта Челзи

Оби Микел го напушта Челзи

оби11

Нигерискиот фудбалер Џон Оби Микел во јануари, по 10 години и 372 одиграни натпревари, ќе го напушти лондонски Челзи.

На Микел на крајот на оваа сезона му истекува договорот, кој нема намера да го продолжи.

„Челзи долго беше мој дом, но време е за заминување. Преговарам со кинеските клубови, а постои опција и да останам во Англија. Единствена опција што не е можна е останувањето во Челзи“, рече 29 годишниот Нигериец, кој оваа сезона нема одиграно ниту еден меч.

Во долгогодишната кариера Микел за Челзи постигнал шест голови во 372 натпревари, а освојувал титули во Премиер лигата, ФА и Лига купот, Лигата на шампионите и Европската лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП