15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглискиот селектор во центар на корупциски скандал (видео)

Англискиот селектор во центар на корупциски скандал (видео)

sem anglija 333

Новиот селектор на англиската фудбалска репрезентација, Сем Алардајс, по само еден еден натпревар на клупата на националниот тим се соочува со отказ, откако селекторот стана дел од скандалот кој го објави Telegraph. Имено, Алардајс бил дел од скриена камера со наводен бизнисмен од Далечниот исток, кој во суштина бил новинар на тајна задача.

Целиот скандал се однесува на делот од разговорот на Алардајс со наводниот бизнисмен, во кој селекторот, за надомест од 400.000 фунти, на бизнисменот му понудил совети како да ги заобиколи трансфер прописите на Фудбалската федерација на Англија (FA).

Исто така, тој вели дека познава неколку менаџери кои без проблем можат да ги заобиколат правилата на FA, наведувајќи го како пример трансферот од пред две години на Енер Валенсија, кој тогаш бил во сопственост на „трета страна“.

За време на состанокот, Алардајс лошо зборувал за својот претходник Рој Хоџсон, нарекувајќи го „Woy“, бидејќи Хоџсон не ја изговора правилно буквата „r“.

Исто така, тој за обновата на култниот стадион „Вембли“ рекол дека тоа било обична будалаштина.

Коментарите на Алардајс биле причина за експресна реакција на FA, која закажа итен состанок, но добро упатените во Англија сметаат дека селекторот ќе се извлече само со опомена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП