4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСреќен 18-ти роденден Google!

Среќен 18-ти роденден Google!

rodenden google 33

Пред точно 18 години Лери Пејџ и Сергеј Брин го покренаа Google во една гаража во Менло Парк во Калифорнија. Од скромниот почеток, Google за овие 18 години прерасна во најпопуларен интернет пребарувач на светот и една од највредните компании на светот.

Инаку, Google својот роденден го одбележуваше на 7-ми септември, на датумот кога е и основана компанијата. Но, Google во 2005-та година го промени датумот на одбележување на својот роденден и од тогаш го одбележува на 27-ми септември, на датумот којшто се совпаѓа и со објавата за рекордниот број на страници коишто ги прелистува.

Во знак на одбележување на својот роденден, Google постави и посебен Google Doodle.

Првата јавна продажба на акции се одржала на 19-ти август во 2004-та година, подигајќи ја вредноста на компанијата од 1.67 милијарди долари на 23 милијарди долари.

Преку серијата од нови производи, аквизиции и партнерства, компанијата ја проширила својата основна дејност на пребарување и рекламирања и во други подрачја, вклучувајќи ја електронската пошта, онлајн мапите, приказот на видео формат и друго.

Минатата година компанијата најави реорганизација и ја покрена корпорацијата Alphabet под којашто, помеѓу останатото, се наоѓа единицата за роботика и автомобили, како наследник на компанијата Boston Dynamics.

Google е воедно и втора највредна компанија на светот, веднаш после Apple, со вредност на пазарот од 541 милијарди долари.

Пејџ и Брин се на 12-то и 13-то место на листата на Форбс на најбогатите луѓе на светот, со богатство од 35.2, односно 34.5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП