4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБугаринот Петев ќе биде новиот тренер на Динамо

Бугаринот Петев ќе биде новиот тренер на Динамо

petev 333

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Ивајло Петев, ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на фудбалерите на Динамо Загреб. Оваа информација, во понеделникот, ја пренесе порталот index.hr, повикувајќи се на претседателот на клубот Мирко Баришиќ.

Ивајло Петев во Динамо Загреб доаѓа на местото на Златко Крањчар, кој иако успеа со тимот да се пласира во главната фаза во Лигата на шампионите, доби отказ поради поразот од Ријека (5-2).

Според информациите од Хрватска, Петев би требало да пристигне во клубот за време на репрезентативната пауза, кога нема да се играат националните првенства во Европа.

Петев од минатата година е селектор на Бугарија, а во кариерата работел во Лудогорец, АЕЛ Лимасол и Левски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП