11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВТА: Ѓорческа напредува во сингл и во дубл

ВТА: Ѓорческа напредува во сингл и во дубл

lina gjorceska 3535

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од понеделникот се наоѓа на 210-то место во поединечна конкуренција, а во конкуренција на дубл е на 146-то место на ВТА листата.

Лина Ѓорческа продолжува со напредокот на ВТА листата во двете конкуренции (сингл и дубл). Ѓорческа во сингл се доближи до најдобрите 200 на листата, таа во однос на претходното рангирање напредуваше за 12 места и сега официјално на листата е на 210-то место.

Кога станува збор за дубл тенисерки, Ѓорческа, која викендов го освои турнирот во двојки во Сент Мело, напредуваше за 29 места и се наоѓа на 146-то место на ВТА листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП