14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТалески и Дуешбаев во тимот на колото

Талески и Дуешбаев во тимот на колото

fico 333

Ракометарите на Металург и Вардар, Филип Талески и Алекс Душебаев, блескаа на натпреварите против Елверум односно Кирстијанштад поради што се избрани во идеалниот тим на првото коло, во Лигата на шампионите.

20-годишниот капитен на Металург, Талески, одигра брилијантен меч против Елверум и со 13 голови го предводеше тимот до победата 18-17. Талески по првото коло ја предводи листата на најдобри стрелци во ЛШ.

Душебаев, во триумфот на Вардар кај Кристијанштад 28-23, постигна седум голови, со кои беше најефикасен играч на натпреварот.

Тимот на колото:

Голман: Филип Ивиќ (Кјелце)

Десно крило: Каспер Килделунд (Холстебро)

Десен бек: Алекс Дуешбаев (Вардар)

Среден бек: Кентин Мае (Фленсбург)

Лев бек: Филип Талески (Металург)

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Пивот: Толга Озбахар (Бешикташ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП