5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.09.2016

Дневен хороскоп 26.09.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во љубовта сеуште не стоите цврсто на земја. Имате успех кај спротивниот пол, но бидете пореални. Ќе најдете начин да извлечете пари од другите. Формулата за успех ќе се состои од вашата умешност да им се вовлечете под кожа на тие луѓе.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во необврзувачките дружби ќе бидете успешни, додека во оние реалните и сериозни ќе бидете кукавица. Некој може да ве прогласи за бескорисни. На вас ви останува да размислите за својата ефикасност.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Тешко дека денес ќе најдете заеднички јазик со саканото лице. Најдобро ќе поминат оние кои ќе премолчат. Креативците денес ќе имаат неверојатна инспирација, додека останатите ќе имаат потреба за обновувавње на многу нешта во работата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби партнерот нема да ве сфати сериозно бидејќи вашите изливи на љубов понекогаш навистина се чудни. Денес ќе ги преиспитувате своите заслуги во работата. Тоа ќе биде добро ако бидете целосно објективни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Потребна ви е мала дипломатија за да ги усогласите ставовите со саканото лице. Во работата треба да се потпрете на конкретните резултати кои се опипливи. Само така можее да продолжите понатаму.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе се двоумите околу еден однос. Ќе ви недостасуваат вистински мотиви или самодоверба. Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да го проверите она што сте го работеле, за да ги поправите работите кои не сте ги решиле баш најдобро.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во љубовта само ќе изнаоѓате ситници за расправии. Престанете со ривалскиот однос кон партнерот. На работа сте еден од лидерите и јасно ви е дека многумина ви се нудат за помош со одредена нивна цел. Нека ве води интуицијата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребно е целосно да се отворите и да им се доверите на пријателите и така да доживеете олеснување. Во кариерата малку повеќе внимание посветете му на начинот на кој заработувате пари. Смислете некои нови правци.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема да бидете задоволни со финансиската состојба бидејќи сметате дека ви недостасуваат малку повеќе пари за да си ги купите сите неопходни нешта. Не очајувајте, намалете ја листата со желби. Саканото лице ќе ве ослободи од стегите со кои ве држеше.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе тактизирате со цел да го надмудрите партнерот. Ќе бидете успешни, но не се занесувајте премногу. Ви претстои патување или состанок на кој ќе имате можност да ги претставите квалитетите, подгответе се одлично.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ги преувеличувате вашите заслуги и околината лошо ја оценува оваа ваша карактеристика. На некого сте му одбивни. Обидете се да се спуштите малку на земја. Бидете поскромни и пореални, инаку ќе загубите некој од вашата блиска средина.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Самотијата не ви одговара па затоа постојано ќе барате друштво. Ќе сакате да бидете опкружени со повеќе луѓе и со повеќе идеи. Оние кои се занимаваат со некаков вид на истражувања денес ќе сфатат дека некој постојано им поставувал пречки во работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП