24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев „поцрвене“, само бод за Џенова против Пескара (видео)

Пандев „поцрвене“, само бод за Џенова против Пескара (видео)

пандуле

Горан Пандев доби директен црвен картон на дуелот помеѓу Џенова и Пескара кој во неделатата се одигра во рамките на шестото коло во Серија А.

Џенова не успеа да ја оправда фаворитската улога против Пескара, иако имаше предност од еден гол, но гостите во последните 15 минути ја искористија предноста од двајца играчи повеќе на тереното и стигнаа до еден бод.

Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего Чоло Симеоне, го постигна првиот гол на мечот во 46.минута. Домаќинот лесно ја одржуваше предноста се до 74.минута кога започнаа проблемите за тимот на Иван Јуриќ.

Бразилецот Еденилсон поради вториот жолт картон беше исклучен во 74.минута, а пет минути подоцна капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев доби директен црвен картон.

Пандев невкусно му дофрли на судијатата Ирати кој веднаш му го покажа патот во соблекувалнатата.

Пескара предноста од двајца играчи повеќе на теренот ја искористи во 86.минута кога Минај го совлада Перин.

Претходно Торино со двата гола на Фалке славеше над Рома со 3-1. Голот за Рома го постигна Тоти од пенал. Легендарниот капитен на Рома, кој за два дена ќе го прослави 40-от роденден, го постигна својот 250-ти во Серија А.

Интер по двете победи не успеа да слави над Болоња на домашен терен. Дестро погоди за Болоња, а Перишиќ за Интер.

Сасуоло со погодокот на Дефрел минимално славеше над Удонезе, а Лацио со головите Кејта и Лулиќ го победи Емполи со 2-0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП